октомври 18, 2011

Кампања за „Ден на гладта“

Повеќе години наназад во Централна Европа се организира  кампањата “Ден на гладните”, која ја отпочнале младите на Црвениот крст.
И оваа година во кампањата со голем број активности ќе се вклучи и  Црвениот крст на Македонија во соработка со Регионалната делегација на   Црвениот крст и Црвената полумесечина од Будимпешта, а ќе се организира  од 16 до 23.10.2011 година во сите Општински организации на Црвен крст во  Македонија.
Целта на кампањата е активирање на општеството за поттикнување  на јавното мислење за проблемите на сиромаштија, активирање и изнаоѓање  фондови за помош, преку акции за собирање на материјални добра, парични  средства, храна, хигиенски средства и се она што е потребно на едно семејство  за опстанок во ова тешко секојдневие.
Затоа Ве молиме и Вие да се јавите како донатор во рамки на Вашите  можности, а се со цел да му помогнеме на нашите сограѓани и да се  приклучиме кон Европа со нашата хуманост.
Сета акција ќе биде координирана на државно ниво и е медиумски  покриена.
Средства можете да ги уплатите на сметка 300020000070166, Комерцијална банка-филијала Прилеп на Општинска организација на Црвен  крст Прилеп. Доколку се работи за средства во материјални добра-храна доставете ги во просториите на Општинската организација на Црвен крст  Прилеп на ул.”Јоле Андоноски” бр.5а.
Како резултат од собирната акција во изминатите години О.О. на Црвен крст Прилеп изготвува пакети со храна кои ги дистрибуира на социјално загрозени семејства во општините кои ги покрива О.О Црвен крст Прилеп.
Затоа и овој пат Ви се обраќаме за да ја покажете Вашата хуманост на дело, за дополнителни информации можете да се обратите на  тел: 048/424-710.
Ви благодариме за разбирањето!

 

Повеќе години наназад во Централна Европа се организира  кампањата “Ден на гладните”, која ја отпочнале младите на Црвениот крст.И оваа година во кампањата со голем број активности ќе се вклучи и  Црвениот крст на Македонија во соработка со Регионалната делегација на   Црвениот крст и Црвената полумесечина од Будимпешта, а ќе се организира  од 16 до 23.10.2011 година во сите Општински организации на Црвен крст во Македонија.

Целта на кампањата е активирање на општеството за поттикнување  на јавното мислење за проблемите на сиромаштија, активирање и изнаоѓање  фондови за помош, преку акции за собирање на материјални добра, парични  средства, храна, хигиенски средства и се она што е потребно на едно семејство  за опстанок во ова тешко секојдневие. Затоа Ве молиме и Вие да се јавите како донатор во рамки на Вашите можности, а се со цел да му помогнеме на нашите сограѓани и да се  приклучиме кон Европа со нашата хуманост. Сета акција ќе биде координирана на државно ниво и е медиумски  покриена. Средства можете да ги уплатите на сметка 300020000070166, Комерцијална банка-филијала Прилеп на Општинска организација на Црвен  крст Прилеп. Доколку се работи за средства во материјални добра-храна доставете ги во просториите на Општинската организација на Црвен крст  Прилеп на ул.”Јоле Андоноски” бр.5а. Како резултат од собирната акција во изминатите години О.О. на Црвен крст Прилеп изготвува пакети со храна кои ги дистрибуира на социјално загрозени семејства во општините кои ги покрива О.О Црвен крст Прилеп. Затоа и овој пат Ви се обраќаме за да ја покажете Вашата хуманост на дело, за дополнителни информации можете да се обратите на тел: 048/424-710.

Ви благодариме за разбирањето!

 

< врати се назад