ноември 6, 2020

Кампањата за “Денот на гладта“ поттикна хуманост кај најмладите

Состојбите со пандемијата на COVID 19 на некој начин ги ограничи хуманитарните активности кои досега се спроведуваа во образовните институции на територија на општина Центар, организирани од страна на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар. Начинот на online настава оваа година беше една од причините учениците да не бидат вклучени во активностите на овој план. Меѓутоа нашите соработници во ООУ “Киро Глигоров“ сепак мислеа дека треба да се обидат да ја одбележат оваа активност со вклучување на учениците од прво до трето оделение кои се со физичко присуство во училиштето, но и вклучување на останатите одделенија со online соопштение во кое беа информирани дека имаат можност во периодот од 2ри до 4ти ноември, секој според своите можности да донесат во училиштето прехрамбени продукти за подготовка на пакети за социјално загрозени семејства.
Успехот беше навистина голем и неочекуван. Хуманоста очигледно не познава граници, туку само постои желба да се помогне на тие кои имаат потреба од тоа. Околу 200 кг. прехрамбени продукти е резултатот на оваа хумана акција.
Голема благодарност до директорката на училиштето, учениците и одговорните наставници од ООУ “Киро Глигоров“.
 
< врати се назад