мај 25, 2012

Караван за превенција од очни заболувања

Во рамките на нашата хумана мисија и промоција на здравјето како најважен фактор за човековата благосостојба Општинската организација на Црвен крст Прилеп, спроведе Караван за превенција од очни заболувања, во соработка со очната поликлиника Cornea Medica.

Главната активност беше предавање од страна на специјалисти лекари од оваа поликлиника кое се одржа на ден 18.05.2012 година со почеток во 16 и 30 минути во просториите на Здружението на пензионери на кое присуствуваа 90 заинтересирани граѓани.  Општинската организација на Црвен крст Прилеп заедно со тимот доктори учествуваа во изборот на 4 до 5 лица од социјално загрозени семејства за бесплатен очен преглед и совети за понатамошно проследување. Исто така на сите 70 присутни му се изврши мерење на очниот притисок. Сите овие активности медиумски беа покриени од страна на локалната телевизија Канал Визија.

< врати се назад