
декември 10, 2021
Корчагинци подготвени за на терен
Третата обука по прва помош на екипата од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, под мотото „Биди херој во твоето училиште“, се реализираше на 10.12.2021 година во периодот од 10 до 11 часот.
Членовите од екипата ги заокружија своите знаења од областа на првата помош со темите кои се опфатија за време на третата обука, поконкретно алергиска реакција и анафилакса, хипогликемија, вртоглавица, мозочен и срцев удар.
Продолжуваме со обуките по Прва помош и во другите средни училишта на територија на општина Центар.

