
ноември 11, 2021
Корчагинци со огромна желба за совладување на првата помош
Во рамки на кампањата „Биди херој во твоето училиште“, учениците кои се членови на екипата по прва помош од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ имаат голем интерес за продлабочување на нивните знаења. За време на втората обука, членовите имаа прилика практично да се обидат да направат преврска, а потоа, преку дискусија, ја продлабочија и проширија темата, споделувајќи лични и туѓи искуства во однос на санација на скршеници и изгореници.
Екипите по прва помош од сите средни училишта на територија на општина Центар ќе се поминат низ три модули во процесот на обучување, со што ќе станат обучена екипа по прва помош која ќе делува во рамки на училиштето.



