
декември 21, 2021
Креативна работилница во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ги финализира активностите во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“. На 16.12.2021 година се реализираше креативна работилница за сите ученици кои посетуваат настава со физичко присуство во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“. Активноста се реализираше од страна на 5-те едукатори кои беа вклучени во процесот на врсничка едукација за време на проектот.
Креативната работилница имаше за цел да ги потврди знаењата на учениците преку различни активности спроведени од страна на едукаторите.
На крајот на работилницата, учениците добија новогодишни пакетчиња од Млекара АД Битола БИМИЛК.




