
април 17, 2025
Креативна работилница “Боите на Велигден”
На ден 16.04.2025 Волонтери од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар спроведоа креативна работилница во “Пролет” Центарот за лица со попреченост над 18 години на ЦКГС.
Волонтерите и корисниците имаа можност да ги насликаат своите Велигденски јајца со најразлични бои и дезени.
Нека Велигден ви донесе мир, надеж и многу насмевки – до следната работилница, останете со радост во срцето!





