декември 12, 2024

Креативна работилница “Изработка на снегулки”

Овој четврток волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведоа креативна работилница “Изработка на снегулки” со корисниците на “Пролет” Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години.

Изработката на уникатни снегулки, создаде празнична атмосфера во центарот. Корисниците и волонтерите нестрпливо ги чекаа снегулките да се исушат за да ги закачат на елката.

Креативните работилници се наменети за развивање на креативноста кај корисниците и волонтерите но и воедно развивање и вежбање на фини движења во прстите и шаката.

Продолжуваме понатаму со нови и интересни активности. Се гледаме следен четврток!

< врати се назад