
август 7, 2025
Креативна работилница “Моето лето”
Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар и овој четврток (07.08.2025) реализираше посета на корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост над 18 години при ЦКГС.
Денот го поминавме во пријатна и опуштена атмосфера. Се забавувавме со друштвени игри и карти, а имавме и многу убави разговори – си раскажувавме како ни поминува летото, слушавме интересни приказни од нивните одмори и заедно се насмеавме на многу моменти. Како и секогаш, заедничките средби ни се потсетник колку е важно времето што го поминуваме заедно – со почит, внимание и срце.