февруари 14, 2025

Креативна работилница “Шарени листови”

Волонтери од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар организаираа креативна работилница по повод св. Валентин во Центарот за лица со попреченост над 18 години.

Корисниците на Центарот имаа можност заедно со волонтерите да изработат шарени картички и честитки во духот на св. Валентин.

Од оваа креативна работилница произлегоа многу шарени картички исполнети со срца и цвеќиња кои волонтерите и корисниците имаа можнос да ги споделат со нивните најсакани.

< врати се назад