
април 24, 2025
Креативна работилница “Светски ден на планетата земја”
Волонтери од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар на ден 24.04.2025 спроведоа креативна работилница во Центарот за лица со попреченост над 18 години на ЦКГС на тема “Светски ден на планетата земја”.
Денот на планетата Земја се одбележува секоја година на 22 април и има за цел да ја подигне свеста за заштита на животната средина. Овој ден ги обединува луѓето ширум светот во акции за зачувување на природата, справување со климатските промени и промовирање на одржлив начин на живот. Тоа е потсетник дека Земјата е наш заеднички дом и дека сите сме одговорни за нејзината иднина.


