февруари 20, 2025

Креативна работилница во “Пролет”

Доаѓа “Пролет” беше насловот на денешната креативна работилница во Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” при Црвен крст на град Скопје.

Корисниците заедно со волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар заедно ги обоија хартиените цветови.

Продолжуваме и понатаму со многу нови креативни работилници.

< врати се назад