октомври 20, 2025

Креативна работилница во “Пролет”

На 16 октомври 2025 година, волонтерите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар во соработка со @moesapunce организираа креативна и инклузивна работилница во Дневниот центар „Пролет“.

На работилницата учесниците имаа можност самостојно да изработат сапунчиња во различни облици, бои и мириси, со свои уникатни дизајни. Активноста беше реализирана во позитивна и инспиративна атмосфера, каде креативноста и тимската работа беа во фокусот.

Преку процесот на изработка, учесниците уживаа во боите, материјалите и мирисите, а готовите сапунчиња беа вистински мали уметнички дела. Работилницата придонесе за развивање на моторичките вештини, поттикнување на самодовербата и промовирање на социјалната инклузија.

Оваа активност уште еднаш потврди дека со малку креативност, внимание и поддршка, можеме да создадеме моменти кои носат голема радост и значење за сите вклучени.

< врати се назад