
март 28, 2025
Креативна работилница за изработка на Првоаприлски маски во “Пролет”
Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар на 27.03.2025 (четврток) го посети Центарот за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКРСМ и спроведе креативна работилница за изработка на првоаприлски маски.
Изработката на маските беше всушност алатка за продлабочување на креативноста како и вежбање на моториката и фините движења во дланката и рачниот зглоб.
Работилниците прераснаа во неделна дружба меѓу волонтерите и корисниците на центарот. Работилниците продолжуваат понатаму, се гледаме нареден четврток!




