јуни 23, 2010

Креативни работилници

Во рамките на програмата “Намалување на штети од употреба на дроги”, Црвен крст на Република Македонија преку своите 2 програми (Велес и Прилеп) започна со реализација на организирани креативни работилници со стабилизирани интравенски корисници на дрога, кои се на метадонски третман.
Општинската организација на Црвен крст Прилеп, увидувајќи ги потребите на целната група (ИКД), односно, можноста за организирано, систематично користење на слободното време, ресоцијализација, јакнење на животните вештини, реаплицирање и ревоспоставување, реактивирање на некои лични вештини и способности (кои се рудиментирани со долгогодишното користење на опијати), јакнење на самодовербата и вербата во другите, иницираше да се реализираат овие видови на работилници.
После неколкуте едукации на ХР тимот за креативните работилници и студиската посета во терапевтската заедница “Покров” од Струмица, започна со реализација на терен програмата за ресоцијализација и структурирани креативни работилници во рамките на Општинската организација. Во почетокот се дефинираа учесниците во креативните работилници, критериумите кои треба да ги поседуваат избраните лица, на кои теми ќе се работи, структурирање на работната група, дефинирање на групата, правила на однесување во рамките на групата и групната динамика.
Досега реализирани се 10 креативни работилници на различни теми:
Дефинирање на групата, правила на групната работа и групната динамика, прва помош при овер, ликовни работилници, изработка на хартиени кеси и оригами, изработка на накит, едукација по англиски јазик, психотерапевтски техники и гледање на филмови.
Од добиениот фидбек од посетителите на креативните работилници се гледа задоволството на клиентите преку зголемување на личната самодоверба и довербата на околината кон нив.
Одржливоста на овие активности се гледа преку инкорпорирање на наученото во секојдневната пракса како и можноста за изложување пред јавноста на продуктите од креативните работилници.

Во рамките на програмата “Намалување на штети од употреба на дроги”, Црвен крст на Република Македонија преку своите 2 програми (Велес и Прилеп) започна со реализација на организирани креативни работилници со стабилизирани интравенски корисници на дрога, кои се на метадонски третман. Општинската организација на Црвен крст Прилеп, увидувајќи ги потребите на целната група (ИКД), односно, можноста за организирано, систематично користење на слободното време, ресоцијализација, јакнење на животните вештини, реаплицирање и ревоспоставување, реактивирање на некои лични вештини и способности (кои се рудиментирани со долгогодишното користење на опијати), јакнење на самодовербата и вербата во другите, иницираше да се реализираат овие видови на работилници.

После неколкуте едукации на ХР тимот за креативните работилници и студиската посета во терапевтската заедница “Покров” од Струмица, започна со реализација на терен програмата за ресоцијализација и структурирани креативни работилници во рамките на Општинската организација. Во почетокот се дефинираа учесниците во креативните работилници, критериумите кои треба да ги поседуваат избраните лица, на кои теми ќе се работи, структурирање на работната група, дефинирање на групата, правила на однесување во рамките на групата и групната динамика.

Досега реализирани се 10 креативни работилници на различни теми:  Дефинирање на групата, правила на групната работа и групната динамика, прва помош при овер, ликовни работилници, изработка на хартиени кеси и оригами, изработка на накит, едукација по англиски јазик, психотерапевтски техники и гледање на филмови. Од добиениот фидбек од посетителите на креативните работилници се гледа задоволството на клиентите преку зголемување на личната самодоверба и довербата на околината кон нив.  Одржливоста на овие активности се гледа преку инкорпорирање на наученото во секојдневната пракса како и можноста за изложување пред јавноста на продуктите од креативните работилници.

< врати се назад