Креативни работилници на Клуб на млади
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп одржува во континуинуитет креативни работилници преку кои младите ја покажуваат својата креативност и продуктивно го трошат своето време. На овие креативни работилници до експресија доаѓаат емоциите и вештините на волонтерите,а сето тоа координирано од професионалци- уметници. На овие креативни работилници се изработуваат различни продукти како што се накит, цртежи, украсни чаши и други украси.
Овие продукти во месец Декември ќе резултираат со нивна продажба, а средствата кои ќе бидат собрани ќе се наменат за хуманитарни цели за однапред дефинирана целна група која ќе биде одредена од Клубот на млади врз основа на увидот на терен од страна на волонтерите од Клубот.
Во иднина Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп ќе продолжи со реализација на вакви креативни работилници, но ќе става акцент на поттикнување за учество на целните групи со кои работи т.е. ранливи, маргинализирани групи.
Кај волонтерите постои голем интерес за одржување на овие работилници затоа што истите будат инвентивност и мотивација во работењето на Клубот.