јули 5, 2022

Креативни работилници во Центарот за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС „Пролет“

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар дел од своето слободно време во летниот период го поминуваат во Центарот за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС „Пролет“ и заедно со корисниците реализираат креативни работилници. На денешната работилница тие изработуваа алки и уживаа во дружбата и времето поминато заедно.
Продолжуваме со креативните работилници во текот на целото лето.
 
< врати се назад