октомври 15, 2021

Креативни работилници во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на Црвен крст на Град Скопје “Пролет”

Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, по повторното отворање на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на Црвен крст на Град Скопје “Пролет”, продолжуваат со реализација на разни активности.
 
 
Секој понеделник, вторник и четврток, волонтери од Општинска организација Центар, во соработка со ученици од ПСУ „Алгоритам Центар“, се дружат со корисниците на Дневниот центар и реализираат различни креативни работилници.
 
 
 
Овој четврток (14.10.2021 година) работилницата беше спроведена во периодот од 11:30 до 13:30 часот.
 
Дружбата помеѓу волонтерите и корисниците секогаш резултира со насмевки на нивните лица и со нетрпение ја очекуваат следната средба.
 
 
< врати се назад