јануари 26, 2015
Крводарителска ација во чест на Тоше Проески
На 25.01.2015 по единаесетти пат се одржа традиционалната крводарителска акција во чест на Тоше Проески. Благодарение на Вас хуманите граѓани успеавме да го продолжиме аманетот на Тоше за хуманоста со тоа што 389 дарители успешно се влучија во суперхеројската мисија-спасување на животи. На оваа акција безрезервна поддршка дадоа младинците од Клубот на млади на ООЦК Центар, младите мотиватори во крводарителството од Клуб 25-ЦКГС и фановите на Тоше од Тоше Фан Форум
Во прилог дел од моментите од оваа прекрасна хуманитарна доброволна крводарителска акција во која како и секогаш волонтерите од Клуб на млади на ООЦК Центар кои се традиционални поддржувачи на ликот, делото и музиката на Тоше, беа тука да ги овековечат.