октомври 13, 2011

Крводарителска акција по повод државниот празник „11 Октомври“

Во склоп на програмата на општина Прилеп, а по повод  одбележување на јубилејот  на празникот 11 Октомври  Oпштинската организација  на Црвен крст Прилеп  по четврти  пат традиционално по повод празникот ја реализира крводарителската акција во Домот на културата Марко Цепенков.

И овој пат граѓаните на градот херој ја покажаа својата хуманост дарувајќи 47 единици крв. Општинската организација на Црвениот крст акцијата ја искористи и за промоција на своите активности и годината на волонтеризам делејќи пропагандни флаери како да се стане волонтер.

 

< врати се назад