октомври 15, 2010
Крводарителска акција по повод празникот „11 Октомври“
Веќе по трет пат традиционално по повод празникот “11 Октомври” се одржа крводарителската акција во Домот на културата “Марко Цепенков”.
И овој пат граѓаните на градот херој ја покажаа својата хуманост дарувајќи 48 единици крв. Акцијата ја поддржа и Локалната самоуправа давајќи придонес околу медиумската кампања за крводарителската акција и обезбедувајќи подароци за мотивација на крводарителите.