
јануари 26, 2021
Крводарителска акција ТОШЕ ФАН
И оваа година, по седумнаесети пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар,
во соработка со ИТМ, ја организираа традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.
во соработка со ИТМ, ја организираа традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.

Крводарителската акција се реализираше на 25.01.2021 година (понеделник) во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.


🩸 На акцијата беа реализирани 218 крвни единици!

