
март 16, 2022
Крводарителска акција во ЕВН Македонија
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, за првпат организираше крводарителска акција во просториите на ЕВН Македонија на ден 14.03.2022 година.
Акцијата имаше голем успех и на истата се реализираа 50 крводарувања, од кои 20 беа првократни.

