март 10, 2015
Крводарителска акција во Театар Комедија
*Успешна соработка помеѓу Црвен Крст Центар и Театар Комедија*
И повторно хуманоста на дело, луѓето кои работат на штиците што живот значат, даруваа за да спасат нечиј живот. На 09.03.2015, за првпат во фоајето на Театар Комедија од 11:00 – 16:00 часот се одржа крводарителска акција под мотото „Дарувај крв – спаси живот“.
Акцијата ја реализираа 7 волонтери од клубот на млади на општинска организација на Црвен Крст Центар кои беа задолжени за пречекување на крводарителите, нивно упатување и згрижување по дарувањето на крв.
На акцијата се собраа вкупно 58 крвни единици.