октомври 16, 2020

Крводарителски акции 10.10. – 16.10.2020

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во текот на изминатата недела (10.10. – 16.10.2020) организираше 4 крводарителски акции на кои беа реализирани 88 крводарув ања. Акциите се реализираа во просториите на Општина Центар, Стоматолошки Факултет, Комора за приватно обезбедување и во Центарот за крводарување во ДХО “Даре Џамбаз“ кадешто учениците од СУГС „Јосип Броз Тито“ дојдоа да даруваат крв. За време на акциите беа запазени сите препораки за држење дистанца и носење заштитна опрема, како и дезинфекција на просториите. Акциите поминаа во одличен ред.

< врати се назад