декември 23, 2020

Крводарителски акции 16.12. – 23.12.2020

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, за првпат организираше крводарителска акција во просториите на Државниот Завод за Ревизија на ден 23.12.2020. На акцијата се реализираа 18 крводарувања, а значајно е да се напомене дека 12 од нив се првократни.
Во текот на изминатата недела, исто така, се реализираше крводарителска акција во просториите на ИТМ на која даруваа крв 33 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
За време на акциите беа запазени сите препораки и мерки за заштита пропишани од Владата на РСМ.
 
< врати се назад