
Крводарителски акции (23.11. – 28.11.2020)
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во периодот од 23.11. до 28.11.2020, во соработка со ИТМ, организираше 4 крводарителск и акции на кои беа реализирани 77 крводарувања.
На 24.11.2020 година, во просториите на НОВОМАТИК за првпат се реализираше крводарителска акција, а на акцијата се обезбедија 26 крвни единици, од кои 18 првократни. Исто така, на 26.11.2020 за првпат се спроведе крводарителска акција и на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство, кадешто се обезбедија 20 крвни единици. Во Управата за Јавни Приходи на РСМ акцијата се реализираше на 25.11.2020 со 22 крвни единици. Во Агенција за Храна и Ветеринарство, акцијата се спроведе на 26.11.2020 година со обезбедување 9 крвни единици.
За време на акциите беа запазени сите препораки и мерки за заштита пропишани од Владата на РСМ. Акциите поминаа во одличен ред.