Курсеви по Шпански и бизнис Англиски јазик
Клубот на млади при ООЦК Прилеп во соработка со интернационалната организација AIESEC е во фаза на реализација на проектот ,,Your Choice’’ – курс за изучување на Шпански јазик и Бизнис англиски јазик. Овој курс ќе овозможи поголема мотивација на членовите на Клубот на млади како и зајакнување на нивните вештини и лингвистички способности.
Курсот започна на 15 Мај а ќе трае до 19 Јули кога и официјално ќе бидат доделени и Сертификати од страна на интернационалната студентска организација AIESEC за успешно завршен курс, за сите оние кои ќе го положат финалниот тест преку кој се мерат знаењата добиени на овој курс. Овие активности на Клубот на млади се во функција на зајакнување на капацитетот на самата организација како и во функција пред се на личниот развој на членовите, кои што претставуваат водечка сила на Клубот. Со ова на членовите им се овозможува неповторлива шанса за унапредување на личниот капацитет и секако, добивање на поголема моќ која понатаму ќе биде искористена во хуманитарни активности кои се во сржта на делувањето на Клубот на млади при ООЦК Прилеп. Со овие и со наредните активности, Клубот ќе продолжи со саморазвој и развој и бенефит на членовите на Клубот во функција на подобрување и промени во општеството, затоа што само со едуцирани кадри кои имаат развиена свест може да ја продолжиме нашата хумана мисија низ државата.