мај 29, 2020

Квиз за дисеминација

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се вклучија во активност – решавање квиз за дисеминација.

 

Период на активност на квизот: 18.05. – 28.05.2020

Локација: платформа Kahoot!

Учесници (волонтери кои го решиле квизот): 22

Изработка на квизот: Анастасија Србиновска Божинова

 

Резултатите од квизот покажуваат дека волонтерите одлично ја познаваат организацијата, нејзината структура и историја. Со оглед на тоа дека платформата Kahoot! ни овозможува да ги погледнеме статистиките на одговорите на секое прашање, можевме да согледаме на кои податоци и информации да ставиме акцент на следната освежителна дисеминација. Со оглед дека во овој период на криза поради коронависурот многу младинци се приклучија на Клубот на млади и сѐ уште не поминале дисеминација поради неможноста за групирање и физичко присуство, не е чудно што имаат повеќе неточни одговори.

Од друга страна, пак, волонтерите кои се веќе извесен период дел од Клубот на млади и ја имаат поминато дисеминацијата, резултираа со одличен успех на квизот.

Во иднина повторно би го користеле овој или сличен метод, за на интересен начин да ги провериме знаењата на волонтерите додека трае ваквата состојба, па и потоа.

< врати се назад