
септември 19, 2024
Ликовна работилница “Боите на есента”
На 19.09.2024 година во просториите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”, волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Центар, заедно со корисниците на Дневниот центар реализираа ликовна работилница насловена како “ Боите на есента “, преобразувајќи ги празните бели листови во шарени дрвја со разновидни бои.
Нивниот шарен потфат не само што го разубави просторот туку и поттикна чувство на радост и соработка.
Продолжуваме понатаму со засилено темпо, се гледаме следниот четврток!





