
Ликовна работилница “Мојата училница”
На 12.09.2024 година во просториите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” шест волонтери од Клубот на млади на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Центар заедно со единаесет корисници од “Пролет” ја оддржаа ликовната работилница “Мојата училница”.
На самата работилница се дадоа многу идеи за какви би биле во иднина училниците и како иднината би била исполнета со компјутери и вештачка интелегенција. Имаше и интересни училници од кои ѕидовите би биле огромни книги на која секоја страница е портал кон нова и разновидна димензија, или пак училници со маси напревени од чоколади и пенкала од гумени бонбони, овие идеи се само дел од многуте кои беа споделени на ликовната работилница.
Продолжуваме овој месец со многу разновидни работилници во “Пролет”, се гледаме наредна недела!










