
септември 12, 2025
Ликовна работилница во “Пролет”
Волонтерите на Црвен крст – Општинска организација Центар на 11.09.2025 одржаа ликовна работилница во Центарот за лица со попреченост над 18 години „Пролет“.
Работилницата беше исполнета со креативна атмосфера и позитивна енергија. Учесниците имаа можност да цртаат, бојат и преку своите цртеж да ја изразат својата креативност и имагинација.
Настанот придонесе за дружење, споделување идеи и зајакнување на социјалната интеракција.

