Локална соработка со ДНУ
Друштво за наука и уметност Прилеп иницира активности за превенција од зависности на ниво на општина Прилеп, во чии локални рамки покрај други институции инволвирани во оваа проблематика активно учество зеде и О.О. Црвен крст Прилеп, на покана на ДНУ Прилеп. Од двата реализирани состаноци произлезе формирање на локално тело кое ќе има за задача да ја подготви и реализира локалната стратегија за борба против зависности. Во ова тело учествуваат најекспонираните локални институции за оваа проблематика: Општа болница Прилеп, Полициска станица Прилеп, Меѓуопштински центар за социјални грижи, Локална самоуправа, Министерство за образование, ДНУ и О.О. Црвен крст Прилеп.
Во понатамошниот период треба да се дефинираат полињата на делување, врз чија што основа ќе се изготви стратегија за борба против зависности која што понатаму ќе се презентира пред советот на општина Прилеп. Како активен член во новоформираното тело при ДНУ, О.О. Црвен крст Прилеп ќе дејствува во рамките на превентивните активности, намалување на штети од употреба на дрога, борба против стигма и дискриминација и во областа на ресоцијализација на лицата што употребуваат дрога и нивните семејства. Во континуитет ќе известуваме за понатамошните активности од работата на новоформираното тело при ДНУ за борба против зависности.