
октомври 14, 2024
Магионичарски настап во Пролет
На ден 10.10.2024, во просториите на Дневниот центар за лица со попреченост над 18 години, се оддржа интерактивна работилница со магионичарот Кристиан.
Волонтерите и корисниците имаа можност одблизу да ја почуствуваат магијата. Шарени карти, разиграни илузии и привлечни трикови ги охрабрија корисниците да учествуваат во активностите. Топлината и енергијата на магионичарот создадоа посебна атмосфера, потсетувајќи ги сите дека магијата може да ги зближи луѓето, без разлика на нивните предизвици.
Продолжуваме и понатаму со интерактивни работилници во Дневниот центар, се гледаме нареден четврток!




