октомври 1, 2024

Мали нозе, големи чекори

“Мали нозе, големи чекори” е овогодинешниот слоган на детската трка на Виталија. По втор пат компанијата Виталија организираше трка за најмалите.

На 29.09.2024 год. во стариот дел на Градскиот парк во Скопје со почеток од 11ч започна веселата атмосвера и детските насмевки. Оваа година се натпреваруваа две групи, малечките деца од 7 до 10 години и големите деца од 10 до 14 години.

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кисела вода, го дадоа својот придонес со спроведување на дечињата низ траката за трчање и помош на медицинскиот тим при повреди за време на настанот.

Продолжуваме и понатаму со соработката, и се гледаме на следната трка! 

< врати се назад