август 31, 2012

Марш по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

На ден 27 и 28.08.2012 се одржа марш организиран од невладини организации составен од голем број на граѓани кои тргнаа кон манастирот Трескавец Прилеп,  по повод големиот христијански празник- Успение на Пресвета Богородица. Црвен крст Прилеп со екипи по прва помош беше дел од оваа организација со поставени два шатори на различни локации на патеката во кои се укажуваше прва помош. Ангажирањето на  волонтерите беше видливо со пружаната помош на старите лица кои беа дел од овој марш, но исто така тие делеа  и овошје за освежување на оние кои се решиле да издржат до крај на маршот.
Со ова Општинската оганизација на Црвен крст Прилеп уште еднаш потврди дека е отворена за соработка. За време на овој марш екипите за прва помош имаа една помала интервенција- преврска на рана со што учесничката на маршот  беше целосно задоволна од првата помош која тимот и ја пружи. Сето тоа беше благодарение на кондицијата и издржливоста на екипите за прва помош меѓу кои имаше и многу волонтери на Општинската организација на Црвен крст Прилеп.
Со оваа активност се укажа на подготвеноста да се дејствува во било какви услови кога станува збор за потреба од помош на која Црвениот крст може да одговори. Во наредниот период следат и уште многу други активности кои ќе бидат од различна природа.

На ден 27 и 28.08.2012 се одржа марш организиран од невладини организации составен од голем број на граѓани кои тргнаа кон манастирот Трескавец Прилеп,  по повод големиот христијански празник- Успение на Пресвета Богородица. Црвен крст Прилеп со екипи по прва помош беше дел од оваа организација со поставени два шатори на различни локации на патеката во кои се укажуваше прва помош. Ангажирањето на  волонтерите беше видливо со пружаната помош на старите лица кои беа дел од овој марш, но исто така тие делеа  и овошје за освежување на оние кои се решиле да издржат до крај на маршот.     

 

Со ова Општинската оганизација на Црвен крст Прилеп уште еднаш потврди дека е отворена за соработка. За време на овој марш екипите за прва помош имаа една помала интервенција- преврска на рана со што учесничката на маршот  беше целосно задоволна од првата помош која тимот и ја пружи. Сето тоа беше благодарение на кондицијата и издржливоста на екипите за прва помош меѓу кои имаше и многу волонтери на Општинската организација на Црвен крст Прилеп.  Со оваа активност се укажа на подготвеноста да се дејствува во било какви услови кога станува збор за потреба од помош на која Црвениот крст може да одговори. Во наредниот период следат и уште многу други активности кои ќе бидат од различна природа.

< врати се назад