јануари 17, 2014

Марш за одбележување на „Ден на безбедност на планина“

По повод одбележувањето на денот на безбедност на планина 15 Јануари, Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Прилеп организираше планинарски марш до селото Селце кое се наоѓа во подножјето на планината Селечка. На овој марш учествуваа 24 волонтери на Црвен крст Прилеп. При пристигнувањето беше извршена дисеминација за дејствувањето на Црвен крст на Република Македонија во областа на безбедност на планина, а беа реализирани и игри за градење на ефикасен тим. 

После предвидените активности се разви и плодна дискусија околу оваа тема така што волонтерите дадоа различни активности кои што може да се реализираат во наредниот период. Општинската организација на Црвен крст Прилеп реализира доста активности на оваа тема меѓу кои и обезбедување на прва помош со тим на различни планинарски маршови  од планинарски друштва. Во рамките на своите можности општинската организација им излегува во пресрет на сите оние опшествени партнери кои организираат активности во оваа област и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.

 

< врати се назад