
октомври 2, 2023
Меѓународен ден на стари лица
По повод одбележување на 1ви октомври – Меѓународен ден на стари лица, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар, во соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар, спроведе повеќебројни активности во рамки на нивните простории.
Во периодот од 7-27ми септември, волонтери од Клубот на млади кои се медицински лица, ги посетија пензионерите во сите 8 ограноци на Здружението. За време на посетите се реализираа и активности за мерење ниво на шеќер во крвта и крвен притисок на повеќе од 80 пензионери.
Продолжуваме со ваквите активности и во иднина преку кои се опфаќаат членовите на Здружението на пензионери на општина Центар.



