мај 7, 2012

Меѓународна соработка

Во период од 26 до 29 април 2012, во едукативниот центар за Црвен крст Бугарија- Лозен, се одржа интернационален тренинг за психолози на тема: “Психосоцијална поддршка при кризни интервенции”. Учествуваа 29 претставници од општинските организации на ЦК Бугарија, преставници на Црвен крст Хрватска и преставници на Црвен крст на Р.Македонија (2 од Црвен  крст на град Скопје, 1 од општинската организација на Црвен крст Прилеп и 1 од општинската организација на Црвен крст Охрид).

Главен предавач на тренингот беше Барбара Руен –раководител на тимот за психосоцијална поддршка на  Австриски Црвен крст, каде преку примери од теренската работа и групна работа на учесниците ги предаде елементите на менаџирање и teamliding  на тимот на психосоцијална поддршка при кризни интервенции. Овој тренинг е надоградба на капацитетите на 3-те национални друштва за психосоцијална поддршка при кризни интервенции во рамките на тимот за Итни интервенции и дејствување при катастрофи.
Препорака на нашиот тим е да организираме средба со координаторот на секторот за делување при катастрофи на национално ниво, со цел заеднички да формираме стратегија или план за формирање на единица за психосоцијална поддршка, која ќе има за цел да едуцира нови кадри, но и да биде оспособена да делува во случај на криза.

< врати се назад