МЕЛС-Клуб на млади О.О. Црвен крст Прилеп
Традиционално во летниот период се одржуваат семинари и кампови во склоп на Општинските организации на Црвениот крст па така Клубот на млади при ООЦК Прилеп го организираше Мотивационо- едукативниот локален семинар МЕЛС. Инспирацијата за името на семинарот дојде од медицинскиот камп одржан на местото Мелс во Швајцарија каде беа вклучени младите на ЦКРМ во придружба на деца со посебни потреби и деца без родители. Како спомен за прекрасниот камп решивме ова име да биде запаметено на еден начин со именување на нашиот традиционален семинар. Со поддршката што ја даде Општинската организација се исполни целта на семинарот- волонтерите заминаа од семинарот мотивирани и едуцирани низ дружба, едукации и работилници.
Волонтерите стекнаа мошне пријатно искуство и понесоа убави спомени кои траат. Поттик за организирање и реализација на ваков семинар е развивањето на капацитетот на човечките ресурси во Клубот и е знак дека освен вклучувањето во хуманитарни активности, Клубот и воедно Општинската организација на Црвен крст Прилеп се грижи и за развивање на потенцијалот на своите волонтери. Ова претставува и еден вид на укажување на благодарност за досегашниот ангажман на нашите волонтери кои неуморно работеа на многуте проекти и хуманитарни акции кои претходеа. Семинарот се состоеше од едукации на различни теми, team building и работилници кои им овозможуваа да ја покажат но и да ја унапредат својата креативност. Организирањето на ваков вид на семинари ќе продолжи во иднина со надеж дека на наредниот МЕЛС ќе бидат поканети и претставници од младите во другите Клубови.