
април 10, 2023
Меморандум за соработка со Здружение на пензионери на општина Центар
Почетокот на заедничките активности со Здружението на пензионери на општина Центар го крунисавме со потпишување Меморандум за соработка, согласно кој двете страни се согласија за продлабочување на соработката, преку активности за превенција, едукација, како и активности од културно-забавен карактер.
На 10.04.2023 во просториите на Општинска организација Центар беше остварена средба од страна на Секретарот Валентина Колеска и новоназначениот Претседател на здружението на пензионери на општина Центар – Злате Стефановски, на која се дискутираше за активностите кои ќе се реализираат во претстојниот период.
Активностите се веќе во тек, продолжуваме и понатаму со нивна реализација.
