јуни 28, 2024

Мерење на притисок и гликоза во крв, како и информирање за мерките на превенција од топлотен бран

На датумите 04.06; 14.06; 28.06; волонтери од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар, вршеа мерење на гликоза во крв и срцев притисок во Ограноците кои се дел од Здружението на Пензионери на територија на Општина Центар. Вкупно опфатени корисници се издвојуваа 47, од кои 17 беа од машки пол, додека 30 беа од женски пол.

Членовите на ограноците имаа можност да се запознаат со неколку препораки за водење на здрав живот како и да се информираат за мерките на превенција од топлотен бран и болести настанати како причина од високите температури.

< врати се назад