август 26, 2024

Мини олимпијада на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Битола

🏐Одбојкарски тим составен од волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, зема учество на Мини олимпијада на Црвен крст која беше организирана од Општинска организација Битола.

🏅Волонтерите денот го поминаа натпреварувајќи се во пријателски натпревари со одбојкарските тимови од Битола, покажувајќи го својот спортски дух и тимска работа на теренот.

💐Како што се приближуваше крајот на денот, волонтерите се приклучија на свечената церемонијата на затворање на првата Мини олимпијада, уживајќи во празничната вечер исполнета со споделување на приказни и смеа.

🎆Вечерта беше одбележана со радосни моменти и новооткриени пријателства, успешно завршувајќи фантастичен ден.

❤️Срдечна благодарност до сите што го направија денот посебен, голема благодарност до Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Битола и нивните волонтери за топлата гостопримливост.

< врати се назад