мај 15, 2012

Младите се на потег

Под мотото „Младите се на потег“, а со цел одбележување на Светската недела на Црвениот крст, ООЦК Прилеп реализира неколку активности во насока на прокламирање на волонтеризмот, поттикнување на свеста на јавноста за хуманост и презентација на своите активности.
Промоција на логото „Младите се на потег“ имаше на веб страната и профилот на ООЦК Прилеп на социјалната мрежа Facebook, исто така се изврши дистрибуција на флаери во централното градско подрачје.
На 10.05.2012 година беше реализирана работилница за дисеминација и едукација за мир и толеранција  и превенција од врсничко насилство за целна група млади.

Главниот настан на кампањата за одбележување на Неделата беше музичка манифестација-хепенинг на која учество зедоа почнувајќи од најмладите па се до познати локални бендови од градот, со огромна медиумска покриеност.
Во рамки на подигање на еколошката свест волонтерите на ООЦК Прилеп реализираа марш со искачување на Марковите кули, кои активното волонтерско јадро во чест на неделата и како благодарност за нивниот целокупен ангажман и придонес го заврши со посета на Охриското крајбрежје.

< врати се назад