декември 7, 2023

Моменти исполнети со надеж

Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември беше одбележан како заедничка активност на Црвениот крст на град Скопје и петте општински организации на Црвен крст кои делуваат на територијата на град Скопје. Моментите исполнети со надеж, пријателство и хуманост значеа уважување на волонтерската работа на сите волонтери кои даваат придонес во реализацијата на хуманата мисија на организацијата, со доделување на награди на поединци кои особено се истакнале со својот волонтерски ангажман во 2023 година.

Општинската организација Центар изрази благодарност до сите волонтери, а особено ја истакна заложбата на: Ивица Бошков-Претседател на Општинска организација Центар, Жаклина Мучева-Потпретседател на Општинска организација Центар и Марта Николовска-член на Координативното тело на Општинска организација Центар.

Оваа прилика се искористи да се оддаде признание и на најзаслужните на планот на крводарувањето. НЛБ Тутунска банка-Компанија со најголем успех на планот на крводарувањето во 2023 година на територија на општина Центар, Светлана Трајкова-жена крводарител со најголем број дарувања и признание за Општинската организација Центар за најдобри резултати на планот на крводарувањето во 2023 година.

На настанот покрај Секретарите на општинските организации на Црвен крст, до присутните со благодарност до волонтерите се обратија и Генералниот Секретар на Црвен крст на РСМ, Саит Саити и Секретарот на Црвен крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

< врати се назад