декември 18, 2020

,,Мотивација во услови на пандемија”

Уште една online средба на волонтерите на Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се одржа на ден 17.12.2020 година во периодот од 18:30 до 20:30 часот. Тема на дискусија беше “Мотивација во услови на пандемија“ и се одржа преку платформата Zoom. Предавачи беа дип. психолог Ивона Анѓелкоски и дип. психолог Ивана Велеска кои заедно со волонтерите дискутираа за видовите мотивација кои постојат, начините на кои волонтерите се мотивираат и, поконкретно, што ги мотивира овие месеци кога секому влијае ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19. Средбата беше од интерактивен карактер, а учесниците развија дискусија за нивни сличности и разлики во врска со начините на мотивирање. Волонтерите максимално се вложија за целата презентација да биде продуктивна и интересна. Продолжуваме со уште online средби!

< врати се назад