октомври 14, 2019

Мотивационен викенд во Струга

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, продолжениот викенд го искористи многу продуктивно. Во соработка со Општинска организација Кисела Вода, Координативните тела на двата клуба спроведоа мотивационен викенд којшто беше наменет за тим билдинг активности и јакнење на капацитетите на двата клуба на млади, со што во фокусот беше изработка на планот за работа на клубовите на млади за 2020 година.

Координативните тела поминаа 3 дена во Хотел Солферино во Струга кадешто заеднички учествуваа на работилница на теми поврзани со комуникациски вештини, конфликти и решавање на истите, се зборуваше за улогите на членовите од Координативното тело и успешно се подготви планот за работа на Клубот на млади за следната година.

Поготвените планови од двата клуба се презентираа од страна на лидерот и заменик лидерот пред Претседателот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Аленка Шопова која претходно даде насоки за изработка на истите. Мотивацискиот викенд помина со огромен успех и се надеваме на одлична работа со зголемени капацитети преку примена на стекнатите знаења и вештини. 

  

< врати се назад