Намалување на штетни последици од користење на дроги
Како иницијатор на оваа програма О.О. Црвен крст Прилеп започна да ја реализира од 2006 година како активен партиципиент на Глобален фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија. За ефикасна реализација на своите активности остварена е блиска соработка со владини и невладини организации на локално, државно и интернационално ниво. Со посредство на оваа програма, Црвен крст на Република Македонија стана активен член во Римскиот консензус (Организација која ги поврзува 115 национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина со оваа проблематика). Активно членува и во локалните тела, посебно во областа на превенции од зависности, млади под ризик за ХИВ/СИДА и друго.
Програмата е насочена кон намалување на штетните последици од намалување на дрога пред се намалување на ризикот од ХИВ/СИДА, Хепатит и други крвно и СПИ, предозирање, други здравствени последици од употребата на ПАС, лични, социјални и општествени штети. Подобрувањето на општата состојба на лицата кои што употребуваат дрога се реализира преку ДРОП ИН ЦЕНТАР, каде се врши размена на опрема за инјектирање, едукација и информирање за ХИВ/СИДА, СПИ, безбедно инјектирање, видови третмани за лекување, прва помош при предозирање, основна медицинска помош, социјални услуги (информирање и едуцирање за намалување на социјалната штета), прва психолошка помош и поддршка, правна помош и теренска работа.
HR програмата е поддржана од Канадски и Германски Црвен крст со цел подобрување на своите услуги. Од 2010 година започна со работа и активната ресоцијализација на стабилизираните клиенти, преку ангажирани креативни работилници.
Преку активностите на HR програмата се анимира јавноста за оваа проблематика со што директно и индиректно се влијае врз јавното мислење, стигмата и дискриминацијата кон лицата кои употребуваат дрога или се ХИВ позитивни.
Сите овие активности се бесплатни, анонимни и доверливи.