октомври 16, 2013
Не мора да бидеш доктор за да спасиш живот, дарувај крв
По повод Денот на народното востание “11-ти Октомври“ Општинската организација на Црвениот крст Прилеп во соработка со службата за трансфузиологија од Прилеп во Центарот за култура “Марко Цепенков“ организираше крводарителска акција. Крводарителската акција беше поддржана и истата ја посети градоначалникот Марјан Ристески кој за најхуманите кои несебично ја даруваат својата драгоцена црвена течност обезбеди маички.
На оваа крводарителска акција се собраа 36 крвни единици, а акцијата помина во најдобар ред. Крводарителите беа пречекани во една пријатна атмосфера која овозможува привлекување на нови крводарители.