
декември 11, 2020
Недела на борба против ХИВ/СИДА (01 – 07 декември)
Согласно календарот на традиционални активности на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 1-7 декември 2020 година се одбележa Недела на борба против ХИВ/СИДА, под мотото “Глобална солидарност, заедничка одговорност во борбата против ХИВ/СИДА”.
По тој повод, врсничките едукатори од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар на ден 11.12.2020 реализираа онлајн едукација во ООУ “Димитар Миладинов“ преку платформата Microsoft Teams. Учениците од 8мо одделение се запознаа начините на превенција, кои се знаци и симптоми на вирусот, какви видови инфекции постојат, на каков начин се пренесува, како се дијагностицира и како се третира. Едукацијата поттикна интеракција кај учениците кои покажаа огромен интерес за темата. Вкупно беа опфатени 71 ученик од 3 паралелки. Едукацијата помина во одличен ред. Продолжуваме со онлајн едукации и во иднина.



